Чави: Би сакал да работам во Премиер лигата, во Шпанија има огромен притисок

Шпанскиот тренер Чави го поддржа колегата Карло Анчелоти, кој е на работ да биде отпуштен од Реал Мадрид. Поради тој пример, Чави не би сакал да работи во родната земја, особено не во Барса или Реал  каде што притисокот е огромен.

„Погледнете што се случи со Карло Анчелоти, кого сите го критикуваат. Тоа не е фер. Тој освои 30 титули за 10 години, а критикуван е како ништо да не освоил. Валверде добро го објасни тоа: Ако го критикуваат Анчелоти, каква надеж има за останатите? Има голем притисок во Шпанија, особено во Барселона и Мадрид“, вели Чави.

Чави сака „проекти“ на долгорочна основа.

„Челзи со Мареска е добар проект, Арсенал со Артета е добар проект. Ова е негова шеста година таму и имаше тешки сезони, но клубот му веруваше на процесот. Ова не се случува во Шпанија“, додава Чави.

Чави раскажа и за средбата со неговиот наследник на клупата на Барса, Ханси Флик.

„Ханси дојде да ме види и разговаравме два часа. Тој ми се заблагодари. Ми рече дека сум помогнал да се создаде овој тим и играчите да тренираат напорно и стекнале дел од мојот менталитет. Имам добар однос и почит кон Ханси и неговите играчи. Истата почит што ја имав кон Роналд Куман, кој беше оној што беше тренер пред мене и ги внесе Гави, Балде и други млади играчи. Имав корист од тоа. Среќен сум и горд што им ги дадов дебијата на Ламин и Кубарси. Ламин е гениј, ќе стане најдобар“, вели Чави.

- Оглас -

Најнови вести