Шпанскиот првак Барселона е во мини-криза откако во последните пет меча има само две победи, исто толку порази и едно реми. Токму затоа притисокот врз тренерот Чави станува поголем, посебно пред еден од клучните мечеви во овој дел од сезоната.
Утревечер каталонскиот гигант на свој терен ќе игра против Порто во меч од петтото коло во Лигата на шампионите. Барселона и Порто имаат по девет бода, Шахтар е со шест, а Антверпен е без бодови во оваа група, од каде што првопласираните две ќе продолжат во нокаут-фазата од елитната лига на УЕФА.
Според најавите, Чави за овој меч во првиот тим ќе ги врати искусните Роналд Араухо и Рафиња, како и докажаниот голман Марк-Андре тер Штеген.
🚨 Raphinha is set to start vs. FC Porto! Ronald Araújo will also return to the starting XI. @gbsans pic.twitter.com/VceirBsGlP
— barcacentre (@barcacentre) November 27, 2023
Барселона го победи Порто на гостински терен и сега треба само да го потврди квалитетот, но и да се врати самодовербата во тимот.

