Чави Ернандес денеска беше и официјално промовиран во нов тренер на Барселона и изјави дека еден од приоритетите ќе му биде да го задржи во клубот Осман Дембеле, засилувањето на Каталонците што во 2017 година го платија цели 130 милиони евра.
Чави и пред да дојде во Барселона од Ал-Сад како еден од условите што ги постави беше врзан за Дембеле, односно тој да остане во клубот.
Со изјавата ги разочара двата гиганти, Манчестер јунајтед и Јувентус, кои се надеваа дека ќе успеат да го ангажираат одличниот офанзивец, кој има само една мана, а тоа е дека е често повреден.
И сега мора да мирува, откако го истегна мускулот на задниот дел на бутниот мускул и не се знае колку ќе паузира. Дембеле пак се повреди на мечот со Динамо Киев во вторникот, откако претходно паузираше цели пет месеци, а во Киев играше околу половина час.
Досега за четири години во Барселона одигра 119 натпревари и постигна 30 гола.