Чави: Дуелот со Интер е како финале за нас

Барселона го пречекува Интер во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а каталонскиот гигант е тој што мора да брка победа. Барселона има само три бода од три меча, а статистиката е неумолива и вели дека 80 отсто од клубовите кои по првите три кола имаат два порази, на крајот не ја поминале групата.

Тоа значи дека гигантот од „Камп ноу“ ќе се обиде да стигне во тие 20 отсто од клубови кои успеале да презимат во елитното друштво, а за да биде тоа возможно, мора да го победат Интер.

„Жално е што сме во една ваква ситуација. Немаме друг избор освен да победиме. Немаме право на грешка. Тоа е како финале за нас и мораме сериозно да го сфатиме. Треба да дадеме сè од себе. Се надевам и на помош од нашите навивачи кои ќе бидат на трибините. Дуелот против Интер ќе биде како финале за нас и ќе се обидеме да го добиеме“, рече Чави.

Во „групата на смртта“, Баерн Минхен има максимални 9 бодови, Интер е втор со шест, Барселона има три, а Викторија П’лзењ е без бодови.

- Оглас -

Најнови вести