Тренерот на Барселона, Чави, летово може да ги преземе Челзи или Њукасл, најавуваат британски медиуми.
На Сините од Лондон и Чавките од Њукасл им се допаѓа работата на Чави, кој објави дека ќе се раздели со Барселона по завршувањето на сезонава. Од Барса уште не се откажуваат од Чави за следната сезона, но тој засега не отстапува од идејата да си оди.
Челзи и Њукасл се во средината на табелата, без реални шанси за пласман во топ-шест во Премиер лигата и излез во Европа.