Поранешниот тренер, но и легенда, на Барселона, Чави Ернандес, од минатото лето е без тренерски ангажман откако се раздели со Каталонците, но набрзо може да му се врати на фудбалот.
Каталонецот е во комбинација за тренер на Баер Леверкузен откако сè поизвесно е дека Чаби Алонсо ќе ја напушти клупата на сè уште актуелниот германски шампион и најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.
Раководството на Фармацевтите веќе стапило во контакт во Чави Ернандес и според првичните разговори, не добиле негативен одговор, туку оставиле простор повторно да разговараат. Според луѓето блиску до клубот, раководството смета дека Чави совршено би се вклопил во клупската филозофија и е идеално решение за наследник на неговиот сонародник од Шпанија.
Чави Ернандес важи за легенда на Барселона како играч, а тренерската кариера ја започна во катарскиот Ал-Сад, пред да седне на клупата на Каталонците веројатно во најтешките моменти за клубот, кога ги зафати големата финансиска криза.