Диего Симеоне и Чави попладнево на „Камп Ноу“ ќе докажуваат чија фудбалска филозофија е подобра, дали таа на Атлетико Мадрид или на Барселона. Во минатото, Симеоне има кажано дека не му се допаѓа стилот на игра на Барса, а Чави изјави оти играта на Атлетико не е како на голем клуб.
Откако Симеоне седна на клупата на Атлетико во декември 2011 година, никој не веруваше дека тој цела деценија ќе остане тренер. За споредба, во овој период, Барселона смени дури седум тренери, Чави е осмиот стратег на Барса против кој ќе се надмудрува Симеоне.
Како играч, Чави загуби само еднаш од Атлетико и тоа во Лигата на шампионите. Сега во улога на тренер има шанса да покаже што знае, откако клубот зимава му донесе неколку звучни засилувања.