Фудбалската легенда на Барселона, Чави Ернандес може да стане селектор на репрезентацијата на Мароко. Чави кој речиси две и пол децении беше во Барселона почнувајќи од младинските категории, па стигнувајќи го ѕвездени височини, веќе една и пол година е без работа.
Тој последно беше тренер на Барселона во период од 2021 до 2024 година, а сега според весникот „Марка“, Чави е сериозен кандидат за нов селектор на Мароко.
Мароко е првата африканска репрезентација која успеа да стигне до полуфинале на едно Светско првенство и тоа на последниот планетарен собир во 2022 година во Катар. Сепак, за Мароко беше неуспех последниот настап на Африканскиот куп на нации кога целта беше да се освои златото, но репрезентацијата не стигна ниту до финалето на турнирот на кој беше домаќин.
Токму затоа се очекува Валид Реграги да биде сменет на Чави се споменува како сериозен наследник. Репрезентацијата на Мароко летово ќе биде дел од СП 2026, а во групната фаза за противници ќе ги има националните селекции на Бразил, Шкотска и Хаити.

