Чави ги изненади сите со изборот на најдобриот фудбалер што го тренирал

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, ги изненади сите со одговорот на прашањето кој е најдобриот фудбалер што го има тренирано. Тој на гостување во емисија изјави дека Санти Касорла е најдобриот фудбалер што го тренирал, но нема шанси тој да заигра за неговата екипа.

„Не можам да го ангажирам заради неговите години. Тој е најдобриот играч што сум го тренирал. Се заљубив во неговата игра. Таков талент не постои. Тој е тоа што ѝ недостига на мојата екипа“, рече Чави.

Триесет и осумгодишниот Шпанец во својата татковина настапуваше за Виљареал, Рекреативо Уелва и Малага, а интернационална кариера имаше во Арсенал. Во моментов настапува во екипата на Ал-Сад во првенството на Катар, а токму таму соработуваше со Чави.

- Оглас -

Најнови вести