Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, го истакна голманот Марк-Андре тер Штеген како јунак во победата на Каталонците од 1-0 на гостувањето кај Порто во синоќешниот меч од Лигата на шампионите.
„Во првото полувреме се претставивме добро и заслужено поведовме. Но, во вториот дел не успевавме да ја контролираме играта. На крајот страдавме и треба да му благодариме на нашиот голман. Така е во мечевите во Европа, никогаш не може да победиш лесно, особено не кога си на гости“, изјави Чави, кој го имаше својот стоти меч како тренер на Барса.
Португалците пак се гневни на судиите, сметаат дека Порто бил оштетен со два недосудени пенали. Во едната ситуација Кунде направи фаул, кој за судијата на теренот и оние во ВАР-собата не беше за пенал, а потоа и за играта со рака на Кансело не беше досуден пенал откако претходно можеби и играчот на Порто играше со рамо.
Тер Штеген заврши голема работа, затоа и пофалбите дојдоа од Чави, но одлични интервенции имаше и Жил Кунде, особено во една ситуација кога играч на Порто излезе сам пред Тер Штеген и ја исфрли топката во корнер.