Барселона многу рано испадна од Лигата на шампиони, но останува во трка за титулите во шпанската Примера и во Купот, што беше доволно за новиот претседател Жоан Лапорта да му даде шанса на актуелниот тренер Роналд Куман. Лапорта најави дека Куман ќе биде тренер и за следната сезона, но со таквата одлука не се сложува некогашната ѕвезда на Барселона, Чави Ернандес.
Човекот кој беше „мозок“ во играта на Барселона сега е со своја „препорака“ за тоа кој треба да биде тренер на каталонскиот гигант. Чави го препорачува Јоаким Лев за тренер во следната сезона. Лев е човекот кој повеќе од 15 години работи како селектор на Германија, но по завршување на Европското првенство ќе си замине од националниот тим.
„Тоа е тренер кој е луксуз. Сака да игра офанзивен фудбал, а стигна и да биде светски првак. Играта на Германија ја трансформираше во нешто слично што играа Барселона и шпанската репрезентација. Затоа верувам дека тој, со своето разбирање и филозофија, би бил одличен за на клупата на Барселона“, вели Чави.