Чави испишува историја во шпанскиот фудбал

Со доаѓањето на Чави Ернандес на клупата на Барселона, каталонскиот гигант дефинитивно доби на сигурност, а тоа го покажуваат и резултатите. Барселона во новата сезона има четири победи и само едно реми и најдобра гол разлика од 15 дадени и само еден примен гол.

На гостински терен Барселона ги доби трите меча и тоа убедливо со што само продолжи една убава низа за Чави. Откако дојде во Барселона, Чави нареди 17 меча во првенството на гостински терен без ниту еден пораз. Со овој биланс, Чави го израмни рекордот на Зинедин Зидан од 2016 година кој на клупата на Реал на гости немаше загубено 17 средби во низа.

Чави ќе има можност да го надмине и Зидан, доколку Барселона на следното гостување кај Мајорка остане непоразена. Тој дуел се игра на 1 октомври.

- Оглас -

Најнови вести