Чави ја откри тајната на успесите на Ла Масија

Барселона синоќа во дербито на десеттото коло во Ла Лига со минимални 1:0 го совлада Атлетик Билбао, а херој на каталонскиот тим беше новиот бисер од славната академија на клубот Ла Масија, Марк Гују.

17-годишнио Гују во игра влезе во 79-та минута и по само 23 секунди поминати на теренот, го постигна единствениот гол на мечот.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, кој и самиот е продукт на Ла Масија ја откри тајната на успесите на фудбалската академија на клубот.

„Му реков на Марк: Ќе имаш една шанса и биди подготвен. Тој беше подготвен, имаше една шанса и даде гол. Секогаш се обидуваме да бидеме позитивни со нашите фудбалери, да им дадеме сомодоверба. Имаат 17 години, но гледам дека се подготвени, и тоа е разликата во однос на мојата генерација – сега младите играчи сакаат да играат и нема никаков страв кај нив. Тоа го гледам на нивните лица. Истото што го видов кај Гави, Балде, Јамал, Фермин Лопес, го гледам сега и кај Марк. Кога бараме да играат за првиот тим, тие се подготвени, имаат таков карактер“, вели Чави.

- Оглас -

Најнови вести