Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона утревечер (20 часот) во Ријад, Саудиска Арабија ќе играат во финалето на шпанскиот Супер куп, што ќе претставува реприза од минатата година, а тренерот на каталонскиот тим, Чави Ернандес, планира да го употреби рецептот со кој славеше лани со 3:1.
Кралевите во полуфиналето го совладаа Атлетико Мадрид со 5:3 по продолженијата, додека Барселона со 2:0 славеше над Осасуна.
Каталонските медиуми денеска пишуваат дека Чави размислува да ја промени формацијата за утрешниот меч проив Реал Мадрид и да се врати на системот со четворица играчи во средниот ред.
Со таква тактика 4-4-2, Барселона минатиот јануари го совлада Реал со 3:1 во финалето на Супер купот.
Сезонава Барселона и Реал одиграа едно Ел класико во кое Чави почна со четворица фудбалери во средниот ред, но потоа ја промени тактиката и играше со тројца играчи во средината, а на крајот Кралевите славеа со 2:1.
Каталонските медиуми за утрешниот дуел планира во средниот ред да игра со Френки де Јонг, Илкај Гундоган, Серхи Роберто и Фермин Лопес.