Чави: Лудост е што не ни го одложија мечот со Мајорка, имаме 17 болни и повредени играчи

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, има големи проблеми околу составувае екипа за гостувањето кај Мајорка, и шокиран е како раководството на Ла Лига не го одложи натпреварот. Барса има дури 17 фудбалери кои не може да настапат поради повреди или позитивни тестови на Ковид-19.

„Ако го сметам и Умтити кој денеска имаше негативен тест, но цела недела не тренираше, имаме 18 играчи вон тимот. Мечот требаше да се одложи. Лудило е како не го одложија дуелот, не ја разбирам одлуката. И Мајорка е во слична ситуација, и тие бараа одложување. Ќе играме ако мора, и ќе пробаме да победиме, но ова е хаос“- рече Чави.

После оваа негова изјава, реагираа од Мајорка, и негираа дека барале одложување на средбата.

- Оглас -

Најнови вести