Чави: Манчестер сити е најдобар тим на светот, во финалето на Купот нека победи подобриот

Барселона утре игра против Осасуна, тимот со кој Реал Мадрид ќе се сретне во саботното финале на Купот на Шпанија, па тренерот Чави го прашаа за кого ќе навива.

„Каков одговор очекувате од мене? Што треба да кажам? Утре ќе бидам против Осасуна, а в сабота нека победи подобриот. Не знам дали ќе го гледам финалето, ако го гледам, ќе уживам“ – рече Чави кој се обиде да даде дипломатски одговор.

Но, Чави не се воздржа меѓу редови да каже дека негов фаворит во полуфиналето од ЛШ помеѓу Реал и Манчестер сити е англискиот тим.

„За мене, Сити е најдобар тим на светот. Играат добро, го имаат најдобриот тренер на светот, треба да се огледаме на нив“ – изјави Чави.

- Оглас -

Најнови вести