Чави: Мечот против Валенсија и секој нареден за нас е како финале

Барселона ќе гостува кај Валенсија во еден од најинтересните мечеви во шпанската Примера овој викенд. Каталонскиот гигант во изминативе седум дена одигра два меча и два пати ремизираше. Прво одигра 2:2 со градскиот ривал Еспањол, а потоа на „Камп Ноу“ против Наполи во Лигата на Европа ремизираше 1:1.

„Секој нареден меч за нас е како финале. Затоа и дуелот со Валенсија е како финале. Нашата главна цел е да обзбедиме место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона. Затоа, од огромно значење е да победиме на Местаља“, рече Чави.

Тренерот на Барселона вели дека добар дел од екипите играат многу бавно, односно „го крадат времето“ со задржувањето и дека може во фудбалот да е потребна промена во правилата.

Во првиот дел од сезонава, Барселона на „Камп Ноу“ со 3:1 ја победи Валенсија, а интересно е дека на шест од последните седум дуели на овие два тима, било ГГ3+.

Барселона моментно е на шестото место на табелата со 39 бодови, четири помалку од третиот Бетис, но каталонскиот клуб има и меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести