Чави: „Меси ќе ни помогне и фудбалски и економски“

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, во гостување на шпанска телевизија откри многу детали од соблекувалната на Каталонците, но имаше и свој коментар околку враќањето на Лео Меси на „Камп ноу“.

„Најтешко ми беше кога морав да му кажам на Пике дека не сметам на него повеќе, дека ќе мора да има помала минутажа. Многу тешка ситуација. Ми беше тешко да заспијам после тоа бидејќи многу поминавме заедно“, изјави Чави во врска со пензирањето на Пике, па го коментираше односот што го има со Жорди Алба.

„Слично беше и со Жорди Алба. Тука чувствувам дека ни се расипа пријателскиот однос, но екипата секогаш има предност. Жорди се налути и го разбирам. Подоцна имавме еден групен разговор и кажа дека ќе биде 100% фокусиран. Така и беше.“

Договорот на Меси и ПСЖ завршува за еден месец и тој ќе избира помеѓу Барселона и Саудиска Арабија.

„Сè зависи од него. Ако сака да дојде во Барселона, ќе направиме сè што можеме за да дојде. Многу ќе ни помогне неговото доаѓање. И фудбалски и економски. Навивачите сакаат да се врати и го скандираат неговото име. Сега сè останува на него.“

- Оглас -

Најнови вести