Жарарт Пике се наоѓа во прилично лош период во неговиот живот. Неодамна се раздели со Шакира, која му беше животна партнерка 12 години, а сега доби и лоши вести од Барселона.
Наводно, тренерот Чави му пренел на Пике дека нема да смета на неговите услуги во следната сезона од повеќе причини.
Првично, честите повреди на искусниот дефанзивец го прават лабилен, особено за високата плата која ја зема. Примањата се втората причина, но и турбулентниот период на Пике во приватниот живот што не му дозволува целосно да се фокусира на фудбалот.
Сето ова е доволно за клубот да се обиде да се ослободи од еден од капитените на екипата, иако Пике важи за легенда на Барселона. Останува да се види дали ќе дојде крајот на уште една ера на „Камп ноу“.