Чави: „На претседателот му го кажав моето мислење околу трансферот на Меси“

Во Барселона веќе подолг период не кријат дека силно посакуваат Лео Меси да се врати на „Камп ноу“, а договорот на аргентинецот со ПСЖ за некој ден и тој нема да биде продолжен.

И тренерот на Барселона, Чави, не крие дека го посакува враќањето на Лео Меси во Каталонија.

„Му кажав на претседателот дека враќањето на Меси има смисла. Без сомнеж, тој е совршен за нашата екипа. Имам тактички план за Лео. Сепак, во моментов сè зависи од Лео. Тој треба да одлучи“, изјави тренерот на Барселона, Чави.

- Оглас -

Најнови вести