Барселона за првпат по заминувањето на Лионел Меси се пласира во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, и тоа откако со 2:1 на домашен терен го победи Порто. На овој меч, тренерот Чави Ернандес се одлучи на еден потег кој повеќе од две децении не беше виден во Барселона.
Двајца Португалци беа стрелци на головите за победничкиот тим откако прво погоди Жоао Кансело, а потоа Жоао Феликс. На дуелот против Порто, Чави реши во стартниот тим да нема ниту еден фудбалер кој е од Каталонија. Во текот на дуелот од клупата за резерви влегоа Балде и Јамал кои се сметаат за Каталонци, но тие не се родени во Каталонија.
Ваков состав на Барселона без ниту еден Каталонец во стартните 11 немало дури 21 година. Тоа се случи во реванш-мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а тогаш Кралевите победија со 2:0 и се пласираа во финалето во кое подоцна стигнаа и до титулата во ЛШ.