Нејмар го известил Пари Сен Жермен дека сака да го напушти клубот, а и Светците немаат ништо против да се ослободат од него со позајмица или продажба.
Шпанските медиуми го преселија Бразилецот во Барселона, но има две големи пречки за реализација на таков трансфер: тренерот Чави и парите. Чави рекол дека не му треба Нејмар, клубот има други приоритети, а покрај тоа, Барса нема пари да си дозволи толку скап играч.
Вечерва се појави друга информација, дека агентите на Нејмар се во преговори со лондонскиот Челзи. Сините одамна го посакуваат Нејмар во своите редови, имаат пари, тренер им е Маурисио Покетино, кој е во добри односи со Нејмар уште од времето кога го тренираше во ПСЖ, а и предизвик би било за Бразилецот да се испроба во англиската Премиер лига.
Манчестер јунајтед и Ал-Хилал исто така би можеле да влезат во трката, но во моментов Челзи е на пол-позиција.