Барселона со победата од 3:1 во реваншот го елиминира Наполи во осминафиналето во ЛШ и се пласира меѓу осумте најдобри кои ќе ја продолжат борбата за трофејот во елитното натпреварување, а тренерот Чави Ернандес им порача на медиумите дека нема да ја промени одлуката.
Чави пред неколку недели јавно изјави дека на крајот од сезоната ќе си замине од Барселона, а по победата над Наполи, новинарите ги интересираше дали ја променил одлуката.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1767693132357861419?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1767693132357861419%7Ctwgr%5Eae0ee1dc4e6debdf1eeeba3b828942bbff23cf6a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24sedam.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F287892%2Fcavi-barselona-liga-sampiona-ostavka%2Fvest
„Не знам зошто по секој натпревар ме прашувате дали ќе останам на клупата на Барселона. Реков дека нема да останам и сигурно е дека така ќе биде. Ајде сега еднаш засекогаш да ја затвориме оваа тема, на крајот од сезоната ќе ја напуштам Барселона и тоа нема да се промени дури и ако триумфираме во Лигата на шампионите. Следната сезона ќе уживам во натпреварите од ЛШ само како навивач“, изјави Чави.