Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандес, продолжува да чека вистинска можност за враќање во тренерската професија, и покрај бројните понуди што ги добил откако ја напушти каталонската клупа пред година и половина.
Во последните 12 месеци, неколку големи клубови изразиле интерес за Чави, но тој ги одбил сите понуди. Според шпекулациите, меѓу клубовите кои се обиделе да го ангажираат биле Манчестер јунајтед, Ајакс и Ал-Итихад, но одговорот на Чави секогаш бил негативен.
Според каталонскиот „Спорт“, најновата понуда за Чави дошла од Спартак Москва, но Чави веднаш ја одбил.
Рускиот клуб започнува амбициозен проект со сериозни инвестиции и нов спортски директор, кој го посочил Чави како идеален за создавање јасна фудбалска идентичност на проектот.
Сепак, и покрај атрактивната понуда, Чави ја одбил, сметајќи дека проектот не се совпаѓа со неговите долгорочни амбиции. Близок извор до Чави тврди дека тој чека понуда од некој од европските гиганти кои имаат јасна и долгорочна визија за развојот на клубот.

 
                                    