Чави не сака да им биде тренер на Меси, Суарес, Бускетс и Алба?

Чави Ернандес се спомнува како една од најпосакуваните опции за тренер на Интер Мајами, но шпански медиуми тврдат дека тој не сака да го преземе американскиот тим и дека немало никакви контакти со него.

Наводно Чави преферира работа во Европа и не е заинтересиран да ги тренира своите поранешни соиграчи Лионел Меси, Луис Суарес, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Затоа, пак, има еден друг некогашен соиграч на Меси од Барса и аргентинската репрезентација кој може да биде заинтересиран за тренерското место во Интер Мајами. Тоа е Хавиер Маскерано.

На листата на желби на Интер се и Французите Тјери Анри (исто така некогашен играч на Барса и има искуство од работа во МЛС-лигата) и Зинедин Зидан (единствен тренер со три титули по ред во Лигата на шампионите).

- Оглас -

Најнови вести