Чави нема намера да ја смени одлуката: „Дефинитивно заминувам од Барселона“

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, најави дека на крајот од сезоната си оди од клубот, но во последе период се погласни се шпекулациите деа тој ќе остане на кормилото на „каталонците“ и следната сезона.

Сепак, самиот Чави Ернандес ги демантира овие пишувања и вели дека неговата одлука е конечна.

– „Останувам на својата одлука дека заминувам од клубот на крајот од сезоната. Никакви промени нема да има. Заминувам. Ќе ја променам одлуката ако не се најде соодветна замена? Не, нема. Реков дека си одам и тоа е тоа.“ – вели Чави.

Прв фаворит за негова замена е италијанецот Роберто де Зерби, кој во моментов е тренер на премиерлигашот Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести