Тренерот на Барселона, Чави Ернандес смета дека битката за титулата во шпанското првенство уште не е завршена. На девет кола до крајот, Реал Мадрид има осум бода повеќе од каталонскиот гигант, а Кралскиот клуб е во предност и затоа што следното Ел Класико ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак предводникот на Барселона верува дека има уште многу борба. Следниот предизвик за каталонскиот гигант е дуелот против Лас Палмас на домашен терен, додека Реал во Мадрид го пречекува четвртопласираниот тим на Атлетик Билбао.
„Среќни сме што сите наши играчи се вратија здрави по репрезентативните обврски. Сега ни следува меч против силен ривал. Лас Палмас има ДНК слично на тоа на Барселона и се многу силни на технички план. Ќе ни биде тешко да им ја одземеме топката. Овој меч е многу важен во борбата за титулата во Примера дивисион“, вели Чави.
Барселона има осум победи и три нерешени во 11 средби против Лас Палмас.