Чави останува класа за Симеоне, петтипат го победи на петтиот меѓусебен натпревар како тренери на Барселона и Атлетико (Видео)

Иако се очекуваше дерби дуел на „Ванда Метрополитано“, сепак немаше ниту Д од дерби. Барселона со убедливи 0-3 го совлада Атлетико Мадрид, со што Чави Ернандес дојде до ефект од пет победи на пет натпревари како тренер на „каталонците“ против Атлетико предводен од Чоло Симеоне.

Жоао Феликс во 38-мата минута го отвори резултатот, а само четири минути подоцна Чави заработи црвен картон, па мораше да ја напушти клупата на „каталонците“.

Во второто полувреме комплетна доминација на Барселона. Левандовски зголеми на 0-2 во 47-мата минута, а Фермин Лопес во 65-тата ги постави конечните 0-3. Во 92-рата минута Атлетико Мадрид остана со играч помалку, откако Молина заработи црвен картон за сосема непотребен фаул на решен натпревар.

Со оваа победа Барселона се искачи на втората позиција на табелата со 62 поени, осум помалку од лидерот Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести