Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, изјави дека со раширени раце ќе го дочека поранешниот соиграч Лионел Меси доколку одлучи да се врати на „Камп ноу“.
Чави и Меси заедно одиграа 399 натпревари и се дел од најуспешната генерација на Барселона, која освои четири титули во Лигата на шампионите.
„Неколку пати реков дека Барселона е негов дом и немам што повеќе да додадам. Лео ми е пријател и постојано комуницираме. Дали ќе се врати во Барселона? Тоа зависи само од него“, изјави Чави.