Чави откри која е слабата страна на Барса и што тренираат секој ден

Барселона можеби ќе купи нов напаѓач до крајот на преодниот рок, доколку деновиве остане без Пјер Емерик Обамејанг за кој сериозен интерес има од Челзи, и Мемфис Депај, кој би требало да се пресели во Јувентус. Ова го потврди тренерот на Каталонците, Чави Ернандес.

Чави не сакаше да открие кој ќе игра утре во средниот ред на местото на суспендираниот Бускетс, но откри дека сака Барса да постигнува голови од слободен удар. По заминувањето на Меси, во Барса нема некој мајстор кој погодува од прекини.

„Треба да бидеме поопасни од слободни удари. Го тренираме тоа секој ден. Левандовски и Рафиња може да погодуват од далечина. Во мое време ги имавме Меси и Давид Вилја кои беа одлични од слободни удари, но сите трениравме шутирање слободни удари“ – изјави Чави.

- Оглас -

Најнови вести