Чави откри во кое европско натпреварување повеќе не сака да ја види Барселона

Барселона предводена од Чави Ернандес од клупата, успеа да ја освои титулата во Ла Лига, и во следната сезона, каталонскиот тим ќе се обиде да направи нешто повеќе во Лигата на шампионите.

Барселона оваа сезона од ЛШ испадна уште во групната фаза и настапите ги продолжи во Лигата на Европа каде беше елиминирана од Манчестер јунајтед. Каталонскиот тим последен пат триумфира во Лигата на шампионите во 2015 година.

Чави на медиумите им откри дека идната сезона не сака повеќе да игра во Лигата на Европа.

„ Не сакам никого да навредам, но Лигата на Европа не е натпреварување кое не инспирира ниту нас ниту нашите навивачи. Веќе им реков на моите фудбалери дека не сакам повеќе да бидеме дел од Лигата на Европа. Едноставно, тоа натпреварување не е во наш ранг“, изјави Чави кој цели кон нешто многу поголемо.

„Мораме да играме во Лигата на шампионите и да се се обидеме да ја освоиме“, додаде тренерот на Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести