Чави откри зошто Пике решил да се пензионира

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес вели дека тимот мора да победи против Алмерија, за да му биде приредено победничко заминување на Жерар Пике во фудбалска пензија. Пике откри дека против Алмерија за последен пат ќе заигра за Барселона, а потоа се пензионира.

„Треба да освоиме три бода против Алмерија и да продолжиме да бидеме во чекор со Реал Мадрид. Тој меч ќе биде последен за Пике. Тој е човек кој заслужува големи почести. Имав среќа да бидам соиграч со Пике, а сега и да му бидам и тренер. Во последно време тој играше помалку и се чувствуваше помалку полезен. Затоа и реши да се повлече. Треба да му се даде почит. Тој имаше договор со клубот и можеше да остане да седи на клупата за резерви и да добива пари кои ги има од договорот, но реши да го прекине договорот. Му посакувам се најдобро, а навивачите да му дадат поддршка каква што заслужува една легенда на Барселона“, рече Чави пред утрешниот меч на „Камп Ноу“.

Пике потекнува од академијата на Барселона и како дел од каталонскиот клуб ги освои сите најзначајни трофеи. Осум пати беше шампион на Шпанија, Седум пати го освоил Купот на Кралот, а шест пати се радувал во Суперкупот на Шпанија. Има и три титули во Лигата на шампиони, се радувал и на Светското клупско првенство, како и во Суперкупот на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести