Чави: Ова е Барселона која навивачите сакаат да ја гледаат

Севилја и Барселона одиграа 1:1 во заостанат меч од шпанската Примера дивисион. Домаќините поведоа со голот на Папу Гомес, а Барселона израмни преку Арухо пред крајот на првото полувреме.
Во вториот дел, Севилја остана со фудбалер помалку, но Барселона не успеа да направи целосен пресврт и на крајот двата тима освоија по еден бод. Иако Барселона не победи, тренерот Чави Ернандес е задоволен затоа што сепак ова беше тешко гостување кај второпласираниот тим на табелата.

„Мислам дека требаше да победиме и затоа жалам што не ги освоивме трите бода. Имавме доста добра тактика. Екипата играше одлично и на добар пат сме. Севилја е многу добра и искусна екипа, а ние одигравме одлично. Мислам дека ова е Барселона која навивачите сакаат да ја гледаат“, рече Чави.

Барселона моментно е на седмото место само со 28 бодови, додека Севилја остана на второто место со 38 бодови.

- Оглас -

Најнови вести