Чави: Ова е нашата реалност а Рајо Ваљекано и Кадиз ни дадоа голови од една ипол шанса

Барселона трет меч по ред губи на домашен терен во една сезона што е за прв пат во клупската историја. Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано го напуштија Камп Ноу со кренати глави, и повторно му откинаа бодови на фаворитот.

„Ова е нашата реалност, не успеав да ги мотивирам момците за вакви два незгодни натпревари. Средбата против Ајнтрахт е сосема друга, но Кадиз и Рајо ни дадоа голови од една ипол шанса.

Повторно реализацијата е проблем против тимови кои што се бранат компактно и ќе мораме што побрзо да го решиме тој проблем“ изјави тренерот на Барса, Чави.

Столе и неговиот тим имаат максимални шест бода од средбите со Барса сезонава во Ла Лига, а сето тоа е одличен показател за тоа како брани нашиот репрезентативен чувар на мрежата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести