Дуелот против Севиља и официјално ќе биде последен за Чави Ернандес на клупата на Барселона, откако и дефинитивно е познато дека тренерот си заминува на крајот од оваа сезона. Чави уште зимата најави дека си оди од „Камп ноу“, па раководството го премисли да остане уште една сезона до крајот на актуелнито договор, за на крајот сепак да се разделат и неговото место најверојатно да го заземе германецот, Ханси Флик.
Чави и неговиот стручен штаб заработуваа по 15 милиони евра по сезона, а поради предвремениот раскин на договорот сега таа сума ќе треба да има биде исплатена. Седум милиони евра се платите за членовите на стручниот штаб, а остатокот му припаѓа на Чави. Раководството на Барселона се надева дека сите ќе се откажат од обесштетувањето, со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот, но според последните информации од Каталонија, Чави и неговите соработници ќе ја земат целата сума, бидејќи се сметаат дека се изиграни од страна на челните луѓе на „каталонците“.
Тоа би претставувало голем удар за финаниската состојба на клубот, бидејќи кога најавија дека си заминуваат се откажаа и од обесштетувањето, но многу работи се променија од тогаш до сега.