Чави по поразот: „Не заслуживме да загубиме, продолжуваме да се бориме“

Сензационалниот лидер на шпанската Ла Лига, екипата на Жирона, синоќа во спектакуларен натпревар ѝ одржа вистинска лекција по фудбал на Барселона и победи со 4-2 на Олимпискиот стадион „Монжуик“. Сепак, и покрај поразот, тренерот на Каталонците, Чави Ернандес, не е премногу разочаран од резултатот и вели дека неговата екипа заслужила многу повеќе од пораз на овој натпревар.

„Жирона знае што сака и одлично го прави тоа. Ова беше израмнет натпревар и немаше да биде незаслужено да победевме ние. Мислам дека упативме 31 удар кон противничкиот гол. Грешките во одбраната не чинеа пораз. Имавме свои шанси за гол, но не успеавме да реализираме. Ова за нас е тежок удар, но тоа е и наша реалност. Резултатот е лош, но не одигравме лошо. Барселона е во изградба. Мора да направиме еден чекор назад за да направиме два напред. Мислам дека на овој натпревар заслуживме повеќе, но тоа е фудбалот. Жирона има одлична екипа и е прва на табелата, а ние мора да продолжиме да се бориме“, рече Чави на официјалната прес-конференција по натпреварот со Жирона.

- Оглас -

Најнови вести