Барселона го доби дербито против Сосиедад и тоа на гостински терен благодарение на голот на Обамејанг на почетокот на мечот. Каталонскиот гигант се радуваше, но тренерот Чави Ернандес не беше многу задоволен од играта на своите фудбалери. Чави откри дека овој тим мора многу да го смени начинот на игра.
„До пред пет месеци оваа екипа играше сосема поинаков стил на игра од оној на кој јас инсистирам. Јас од играчите барам да играат висок и постојан пресинг и што е можно побрзо да ја вратиме топката во наш посед. Затоа и немаме сила да издржиме 90 минути во тој интензитет, па затоа фудбалерите се повредуваат и се преморени. Напорно е, но морам да им дадат почит за трудот и работата“, вели Чави.
Чави како играч беше „мозок“ во играта на Барселона, а сега истиот стил на игра сака да го спроведе и како предводник од клупата.
„Немав време да одработам подготовки со екипата и имаме уште многу работа. Барам само доверба и трпение. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека против Сосиедад не игравме добро. Нашиот противник заслужи да освои најмалку бод, но ме радува тоа што овој тим покажа борбеност и затоа ги освоивме трите бода“, објасни Чави.