Чави разочаран: Повторно го добивме најтешкиот противник

Барселона втора сезона по ред испадна во групната фаза од Лигата на шампионите откако каталонскиот гигант не успеа да биде на едно од првите две места во групата со Баерн Минхен и Интер. Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, изјави дека „пеколната група“ е причина поради која неговиот тим не влезе во нокаут-фазата од елитното натпреварување, а сега шпанскиот стратег повторно е разочаран.

Во ждрепката за осминафиналето во Лигата на Европа, Барселона за противник го доби најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед.

„Ждрепката повторно ни го додели најтешкиот ривал. Манчестер јунајтед е голем историски противник, најлошиот кој можеше да го добиеме. Имаат многу добри фудбалери, а со доаѓањето на Тен Хаг, добија во квалитет. Ќе мора да одиграме многу добро ако сакаме да ги елиминираме. Тоа ќе биде голем предизвик за нас. Го имаат и Кристијано Роналдо, кој е фантастичен играч и може да направи разлика на теренот“, вели предводникот на Барселона, Чави Ернандес.

- Оглас -

Најнови вести