Чави реши да биде тренер и тоа со напаѓачки стил

Еден од најтрофејните фудбалери во историјата на овој спорт Чави Ернандес официјално соопшти дека ја завршува играчката кариера. Чави е еден од најдобрите креативци и речиси целата кариера ја помина во дресот на Барселона. Кога реши да си замине од каталонскиот гигант, Лави потпиша за Ал-Сад во Катар.

И во дресот на Ал-Сад, Чави имаше успешни настапи. Успеа да ја освои азиската Лига на шампиони, а на 39-годишна возраст реши дека е доволно од играчка кариера.

„Ова е моја последна сезона како фудбалер. Сакам да ви потврдам дека ја завршувам кариерата. Во иднина сакам да бидам тренер и мојата филозофија да биде играње напаѓачки фудбал. Тоа е стил на игра кој го создаде Јохан Кројф, кој беше мој идол во многу работи. ‘Ла Масија’ го усоврши тој стил и јас сакам така да продолжам. Сакам да гледам напаѓачки фудбал, така ме учеа откако знам за себе“, рече Чави, кој има освоено повеќе од 35 трофеи како фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести