Чави се чуди како можеше да се случи Барселона на „Камп Ноу“ да игра речиси како гостин

Чави Ернандес речиси цел живот е дел од Барселона, но вели дека никогаш не бил сведок на нешто слично на тоа што се случи синоќа на дуелот против Ајнтрахт Франкфурт на „Камп Ноу“. Барселона загуби дома со 2:3, но тоа што беше поневеројатно е дека на стадионот на Барселона имаше 30.648 гостински навивачи, додека каталонскиот гигант имаше поддршка од помалку од 49.000 фанови.

„Очекував да имаме поддршка од 70.000-80.000 наши навивачи, но тоа не се случи. Барам објаснување од клубот што е тоа што се случи. Ова не изгледаше како домашен меч за Барселона, туку како играње на неутрален терен, каде двата тимаат ист број на навивачи. Многу сум разочаран. Пред мечот зборував со играчите и сите се сложивме дека играњето пред нашите навивачи треба да ни биде голем адут за да победиме. За жал, не го добивме тоа што го очекувавме“, разочарано сумираше Чави.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта рече дека веќе никогаш повеќе не смее да се случи на „Камп ноу“ да има толку многу противнички навивачи.

- Оглас -

Најнови вести