20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Чави се откажува од Феликс, го сака напаѓачот на Жирона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, смета дека управата не треба да се обидува да го откупи договорот на Жоао Феликс бидејќи Португалецот не ги оправда очекувањата.

Иако Феликс одлично ја започна сезоната како позајмен играч од Атлетико, но во последно време игра очајно и е цел на критики и на навивачите и на медиумите.

Чави дури го тргна Португалецот од првиот тим и се повеќе шанса му дава на Феран Торес, а шпанските медиуми пишуваат дека тренерот на Барселона е разочаран од Феликс, пред се поради неговото однесување кога работите не одат според очекувањата.

Тренерот на Барселона смета дека Феликс не е добро решение за Барселона и наводно побарал од управата да не се обидува да го откупи неговиот договор од Атлетико Мадрид, туку да се фокусира на Савио од Жирона.

- Оглас -

Најнови вести