Чави се премисли, останува во Барселона и следната сезона?

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, сега е заинтересиран да остане на клупата на каталонскиот тим и следната сезона.

Само еден ден откако Барселона загуби на Ел Класико од Реал Мадрид (2:3) и сезоната ќе ја заврши без ниту еден трофеј, Чави Ернандес е подготвен да седне на маса со управата и да разговараат за следната сезона.

Според каталонски „Спорт“, Чави за денеска побарал да има состанок со претседателот Жоан Лапорта, кому ќе му соопшти дека е подготвен да остане под одредени услови.

За да остане и следната сезона, Чави денеска ќе бара гаранции од Лапорта дека ќе му ги донесе посакуваните засилувања, Дани Олмо од Ред Бул Лајпциг и Бернардо Силва од Манчестер сити.

Чави наводно е задоволен од напредокот на екипата и добрите игри кои ги прикажуваа играчите откако тој јавно соопшти дека на крајот од сезоната си заминува и сега го променил мислењето и сака да го одработи договорот до крајот.

- Оглас -

Најнови вести