Тотенхем е во серија на лоши резултати и има само една победа во последните седум кола во првенството. Поради тоа сè погласни се шпекулациите дека може да дојде до тренерска смена во лондонскиот тим.
Данскиот стратег Томас Франк уверува дека екипата ќе се врати на победнички патеки, но сè погласно се зборува дека челниците на клубот сметаат дека е потребен нов импулс, посебно од тренерската клупа.
Дел од британските медиуми веќе го спомнуваат Чави Ернандес како најсериозен наследник на Франк. Шпанскиот стратег кој како играч се стекна со статус на легенда во Барселона, од клупата го предводеше каралонскиот гигант од 2021 до мај 2024 година.
Како тренер, најголем успех на Чави е освојувањето на шампионската титула со Барселона во 2023 година.
Следниот меч на Тотенхем ќе биде на 20 декември, на свој терен против актуелниот првак Ливерпул. Уште еден пораз може да значи и крај за тренерот Франк и отворање на вратата за доаѓање на Чави во лондонскиот тим.

