28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Чави Симонс го „откачил“ Гвардиола, затоа што сака трансфер во Челзи

Манчестер сити е во потрага по замени за дел од фудбалерите кои го напуштаат клубот, а покрај Родриго, на радарот беше и Чави Симонс.

По заминувањето на Џек Грилиш на позајмица во Евертон, се очекува МекАти да прејде во Нотингем Форест, а Савињо можно е да заврши во Тотенхем, па Пеп Гвардиола сака да го засили офанзивниот дел од средниот ред.

Сити стапил во контакт со Чави Симонс, но младиот холандски репрезентативец одбил преговори бидејќи веќе ги има договорено личните услови со Челзи и чека дозвола да отпатува во Лондон на лекарски прегледи.

Лајпциг и понатаму бара 70 милиони евра за неговиот трансфер, додека Челзи се обидува да ја намали цената нудејќи го Кристофер Нкунку како дел од зделката. Договор меѓу клубовите се очекува наскоро, бидејќи играчот одамна има постигнато договор со „сините“ од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести