Чави со порака до навивачите на Барселона: „Финансиската состојба на клубот е лоша“

Престојот на Чави Ернандес на клупата на Барселона заврши со победа над Севиља во последното коло од шпанската Примера. Раководството на клубот му врачи отказ поради коментарите во јавноста за лошата финансиска состојба во клубот, но тренерот и на заминување го повтори она поради кое и доби отказ.

„Навивачите мора да сфатат дека ситуацијата во клубот е тешка. Си заминувам од клубот, но ја чувствувам љубовта на навивачите кон мене и тоа ме прави горд. Имам порака и за мојот наследник: Сакам да му кажам дека ќе страда и мора да биде трпелив, бидејќи ова е комплицирана работа. единствено што може да го спаси се победите.“ – рече Чави.

- Оглас -

Најнови вести