Чави со порака: Следната година ќе се вратиме посилни

Барселона за првпат во 21 век е елиминирана од европските купови во февруари, откако во првата нокаут-фаза од Лигата на Европа загуби во двомечот од Манчестер јунајтед со вкупни 4:3. Тренерот на каталонскиот гигант, Чави Ернандес, беше разочаран, но најави дека следната сезона неговиот тим ќе биде многу подобар.

„Првото полувреме беше многу добро. До израмнувањето бевме рамноправен противник. Ова е уште едно големо разочарување за нас. Имам чувство дека бевме подобри од минатата сезона, игравме многу добро против екипи како Интер, Манчестер јунајтед… Мислам дека мечот го загубивме на средината на теренот. Тоа се некои детали кои се клучни. Мораме малку повеќе да играме на средината, штета што за овој меч ги немавме Педри и Гави. Оваа година игравме против ривали како Баерн Минхен и Интер во Лигата на шампионите, а сега и против Манчестер јунајтед. Следната година мора да бидеме подобри, ветувам дека следната година ќе бидеме посилни“, рече Чави.

- Оглас -

Најнови вести