Чави со провокација за Манчестер пред реваншот на „Олд Трафорд“, не го знаеше името на еден од најдобрите во англискиот тим

Барселона и Манчестер јунајтед утревечер ќе играат во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа, а ако се знае дека првиот меч на „Камп ноу“ беше одличен и заврши 2:2, може да се очекува уште еден возбудлив дуел.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, на денешната прес-конференција зборуваше за очекувањата од реваншот, за Тен Хаг како тренер, а со една реченица, дополнително ја загреа ситуацијата. Чави не знаеше да го каже името на Бруно Фернандеш, кој е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер јунајтед.

„Тен Хаг кога дојде, мораше да создаде тим кој ќе функционира добро. Тактички е многу добар и знае што е потребно за еден тим да функционира добро. Успева да го добие најдоброто од сите фудбалери. Погледнете само како играат Рашфорд, Санчо и она момчето од Португалија. Видете и Фред како игра. Сето тоа прави тимот да биде добар“, рече Чави.

Навивачите на Манчестер јунајтед бурно реагираа затоа што Чави не го знаеше името на Бруно Фернандеш, туку само го нарече „момчето од Португалија“. Фановите на Црвените ѓаволи преку социјалните мрежи почнаа да бараат желби за тоа што треба Бруно да направи за Чави да го запамти неговото име.

Головите дадени на гости на „Камп ноу“ нема да имаат ефект за Манчестер затоа што ремито од првиот дуел е најава дека во реваншот едноставно мора да има победник за да се дознае патникот во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести