Чави со забелешка за статуата на Диего Армандо Марадона (Видео)

Барселона вечерва гостува кај Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“, во реваншот од Лигата на Европа. Легендарниот Марадона со многу успех ги носеше дресовите и на Барселона и на Наполи, а стадионот на италијанскиот тим во негова чест го доби името по човекот кој им ги донесе единствените две титули во Серија А.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, по пристигнувањето на стадионот во Неапол, имаше една интетресна забелешка кога ја виде статуата на Марадона.

„Топката му е на десната нога, а тој беше левак“, беше забелешката на Чави.

- Оглас -

Најнови вести