Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, беше незадоволен од судиите кои ја делеа правдата на дуелот против Хетафе. Каталонскиот гигант одигра без голови во првото коло од новата сезона, а Рафиња и Чави добија црвени картони.
Стратегот на Каталонците верува дека арбитрите направиле катастрофална грешка кога во последните моменти од мечот не покажале пенал за Барселона. Судијата Градо не покажа пенал, но потоа доби повик од ВАР-собата за да ја прегледа ситуацијата. Имаше фаул над Араухо, но претходно Гави, кој асистираше, според судијата играл со рака.
„Многу работи може да се кажат за нашата игра и пристапот на овој меч. Свесни сме за грешките кои ги направивме и знаеме дека моравме подобро. Меѓутоа, тоа не може да биде оправдување за тоа што судиите ни го направија. Морате да бидете искрени и да признаете дека судијата со својата одлука во последните секунди ни ја украде можноста да победиме. Измислија играње со рака на Гави само за да не биде досуден пенал. Сметам дека арбитрите треба да излезат пред јавноста и да ја објаснат својата одлука“, рече Чави, кој имаше порака и до првиот човек на шпанскиот фудбал.
„Мојата порака до Хавиер Тебес е дека Цезар Сото Градо целосно ја загуби контролата над мечот и предизвика голем срам. Производот кој ѝ го нуди Ла Лига на јавноста е очаен. Не е ни чудо што веќе никој не сака да гледа шпански фудбал“, жесток беше тренерот на Барселона.
https://twitter.com/i/status/1690962986796462080
Чави објасни дека пред една недела сите тренери имале состанок со претставниците на судиите и таму добиле објаснување дека ситуациите каде што јасно нема да може да се види играње со рака, воопшто нема да бидат анализирани.
„Во понеделникот ни објаснуваа едно, а сега видовте што направија на овој меч. Исто така ни беше речено дека ќе се зема предвид тензијата и нервозата пред тренерите да бидат исклучени. Рекоа дека ние тренерите ќе бидеме заштитени, а ова ли е тој начин да бидеме заштитени? Исклучен сум затоа што протестирав кај судијата поради бројот на фаули, грубите стартови и „крадењето“ на времето од страна на играчите на Хетафе. Мечот стана насилен, а судијата тоа го дозволи. Им дозволи да нѐ тепаат како сакаат, а нам ни свиреше фаули за најмали ситници. Ла Лига упорно се обидува да се престави како некој бренд, а всушност видовте што прави“, заврши Чави на прес-конференцијата по мечот во Мадрид.