Барселона вечерва гостува кај Викторија П’лзењ во меч кој нема да има никакво значење. Каталонскиот гигант сигурно ќе продолжи со европските настапи во Лигата на Европа, а чешкиот тим ќе биде последен во групата каде што на првите две места се Баерн Минхен и Интер, кои ќе останат во Лигата на шампионите. Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, направи анализа за играта на Барселона и најави дека оваа сезона ќе биде донесен барем еден пехар во клупските витрини.
„Сакаме на дуелот против Викторија во добар стил да се одјавиме од ЛШ. Ни недостасува зрелост, имаме многу млади играчи, а бевме и во една од најтешките групи во последните неколку години. Имавме и неколку повредени играчи, но тоа не треба да е алиби. Одигравме подобро од минатата сезона, но уште тоа не е доволно добро. Сами сме виновни што не останавме во ЛШ, но мора да бидеме упорни. Сега ќе играме во Лигата на Европа и можам да кажам дека сме на вистинската патека. Ќе освоиме титула во 2023 година“, вели Чави.